Селекцијата на Данска со 36-28 ја совлада репрезентацијата на Исланд и ја осигура првата позиција во групата Б.  Победата на Данска добро му дојде на репрезентацијата на Македонија бидејќи одговараше во “веселата математика“.


Во последната рунда европскиот првак Данска против Македонија ќе влезе растеретено бидејќи тој меч нема никаква резултатско значење за нив. Тука е шансата на Македонија да забележи триумф и во 1/8 финалето да го избегне бранителот на трофејот Франција. Во останатиот натпревар од групата Б во дербито на дното Катар со 31-23 славеше над Чиле.

По четири одиграни натпревари Данска е лидер во групата Б со осум бодови втора е селекцијата на Русија со пет, а Македонија поради послабата гол разлика со пет бодови е третопласирана.

Исланд со четири бодови ја зазема четвртата позиција, Катар е петти со два бодови додека фенерот е резервиран за Чиле.

Мх.П.