Европскиот ракометен владетел селекцијата на Данска со најдобрите ракометарите ќе патува на мундијалот во Шпанија за обединување на титулите. Селекторот на данците, Улрик Вилбек во составот го приклучи и Микел Хансен кој беше неизвесен поради повреда.

Европскиот првак Данска во групата Б се наоѓа заедно со Македонија, а сеуште во свежо сеќавање е трагичниот пораз од данците на Европското првенство во Србија.

Нападот покрај Хансен ќе го предводи соиграчот на Кирил Лазаров во екипата на Атлетико Мадрид, Николај Маркусен.

Составот на Данска :

Голмани Никлас Ландин, Јаник Грин

Крила: Андерс Егерт, Каспер Мортенсен, Десни крила: Ханс Линдберг, Ласе Сван Хансен

Пивоти: Рене Тофт Хансен, Јеспер Нодесбо, Хенрик Тофт Хансен

Бекови: Микел Хансен, Николај Маркусен, Хенрик, Молгард, Мадс Менсах Ларсен, Бо Спелерберг, Расмус Лауге, Каспер Сондергаард.

Мх.П.