Селекторот на Шпанија, Винсент дел Боске ги соопшти 23-та фудбалери кои ќе ги бранат боите на репрезентацијата и трофејот на Мундијалот во Бразил следниот месец.

Дел Боске од поширокиот список ги „пречкрта“ Навас, Негредо и Љоренте, а во составот го в вклучи и Диего Коста, кој заработи повреда на финалниот натпревар со Реал Мадрид во финалето од ЛШ.

Шпанија се наоѓа во групата Б заедно со Холандија, Чиле и Австралија.

Состав :

Голмани : Касилјас (Реал М.), Реина (Наполи), Де Хеа (Манчестер Ј.)

Одбрана : Рамос (Реал М.), Пике (Барселона), Алба (Барселона), Хуанфран (Атлетико М.), Азпиликуета (Челси), Албиол (Наполи)

Среден ред : Хави Мартинез (Баерн М.), Чаби Алонсо (Реал М.), Иниеста (Барселона), Бускетс (Барселона), Коке (Атлетико М.), Казорла (Арсенал), Мата (Манчестер ј.), Силва (Ман. сити), Фабрегас (Барселона), Педро (Барселона)

Напад : Диего Коста (Атлетико М.), Торес (Челси), Вилја (Атлетико М.)

Мх.П.