Со мечевите од групите 3 и 4, денеска, ќе стартува последната рунда од главната фаза на Светското првенство во Египет.

На терените во Египет ќе се води жестока битка за бодовите, кои денеска ќе значат пласман во 1/4 финалето. Шанса имаат неколку селекции, кои низ директни пресметки ќе одлучуваат за изгледот на табелата.

Нашето внимание ќе биде насочено кон дуелот на Македонија со Белорусија. Мечот за збогум, Македонија го игра во 15 часот и 30 минути.

  • Двојки:

Група 3: Алжир – Швајцарија (15ч), Исланд – Норвешка (18ч), Португалија – Франција (20:30ч)

Табела: Франција 8, Норвешка 6, Португалија 6, Исланд 2, Швајцарија 2, Алжир 0

 

Група 4: Белорусија – Македонија (15ч), Словенија – Египет (18ч), Русија – Шведска (20:30ч)

Табела: Египет 6, Шведска 6, Русија 5, Словенија 5, Белорусија 2, Македонија 0

OhridNews