Со натпреварите во Ц и Д групата ќе се комплетира четвртата рунда од групната фаза на мундијалот во Шпанија. Дербито на колото ќе се одигра во групата Ц помеѓу Полска и Србија додека најинтересен натпревар во групата Д ќе биде дуелот на Унгарија со домаќинот на СП, Шпанија.

Двојки :

Група Ц : Словенија – Белорусија 15:45ч, Саудиска Арабија – Јужна Кореја 18:00ч, Полска – Србија 20:15ч.

Табела : Србија 6 бодови Словенија 6, Полска 4, Белорусија 2, Јужна Кореја 0, Саудиска Арабија 0.

Група Д : Австралија – Алжир 16:45ч,  Унгарија – Шпанија 19:00ч, Хрватска – Египет 20:45ч.

Табела : Шпанија 6 бодови, Хрватска 6, Унгарија 4, Египет 1, Алжир 1, Австралија 0.

Мх.П.