Дуелите Македонија – Исланд во групата Б и Германија – Аргентина во групата А се најинтересни во третата рунда. На останатите средби во двете групи водечките репрезентации ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога со послабите селекции.

Двојки :

Група А : Тунис – Црна Гора (16:00ч), Германија – Аргентина (18:15ч), Франција – Бразил (20:45).

Табела : Франција 4, Германија 2, Тунис 2, Аргентина 2, Бразил 2, Црна Гора 0. 

Група Б : Катар – Русија (15:45ч), Исланд – Македонија (18:15ч), Данска – Чиле (20:15ч).

Табела : Данска 4, Македонија 4, Исланд 2, Русија 2, Катар 0, Чиле 0.

Мх.П.