Натпреварите од втората рунда во групите Е, Ф, Г и Х ќе бидат денеска на програмата од ракометниот Мундијал, кој се одржува во Египет.

За нас, најважен е дуелот на Македонија со Египет, во 18 часот. „Црвено жолтите“ имаат шанса за поправен, после лошата претстава на премиерниот натпревар со Шведска.

Од поинтересните средби за издвојување се Швајцарија – Норвешка во Е групата, Мароко – Португалија во Ф групата и Русија – Словенија во Х групата.

  • Двојки:

Група Е: Австрија – Франција (18ч), Швајцарија – Норвешка (20:30ч)

Табела: Франција 2, Швајцарија 2, Австрија 0, Норвешка 0

 

Група Ф: Мароко – Португалија (18ч), Алжир – Исланд (20:30ч)

Табела: Португалија 2, Алжир 2, Мароко 0, Исланд 0

 

Група Г: Египет – Македонија (18ч), Чиле – Шведска (20:30ч)

Табела: Египет 2, Шведска 2, Македонија 0, Чиле 0

 

Група Х: Белорусија – Јужна Кореја (15:30ч), Русија – Словенија (18ч)

Табела: Словенија 2, Русија 1, Белорусија 1, Јужна Кореја 0.

 

OhridNews