Светскиот првак од 1998 година Франција неочекувано по првиот натпревар во баражот со Украина има негатива од 2-0. За пласман на завршницата од мундијалот на „триколорите“ им треба победа од три погодоци, а според селекторот Дидиер Дешамп тоа не е невозможно.
– Нема што да изгубиме по поразот во првиот натпревар. Ќе нападнеме од првата минута бидејќи за пласман понатаму ни се потребни голови. Ќе ја смениме тактиката и ќе играме далеку по офанзивно, а со поддршка од публиката можеме да ја достигнеме секоја негатива – рече селекторот.
Во „шпицот“ мечот во Киев го започна фудбалерот на Арсенал, Жиру, а сега од првата минута во составот ќе биде Бензема, зад него ќе играат Рибери и Валбуена додека во средината од теренот ќе бидат Јохан Кабаје и Погба.
Мх.П.