Уругвај со две победи и една нерешена средба, без примен погодок во сопствената мрежа го освои првото место во А групата. Диего Форлан со два погодоци е најдобар стрелец во таборот на Уругвај.

– Победата над Мексико и пласманот на првото место во групата А на мундијалот е историски успех за сите нас. Многу е важно што се пласиравме на првото место во групата избегнувајќи ја Аргентина во 1/8 финалето. изјави предводникот на Уругвај, Диего Форлан.

Во 1/8 финалето Уругвај ќе се сретне со второ пласираниот од Б групата Јужна Кореја.