Селекторот на Македонија, Лино Червар прими една добра и лоша вест во пресрет на осминафиналниот дуел со репрезентација на Норвешка на Мундијалот во Франција.


Червар за мечот со Норвешка кој се игра в сабота во 16 часот на располагање ќе го има Филип Миркуловски, но не и Дејан Манасков кој има скинат мускул на ногата.

Миркуловски и Манасков се повредија на последниот натпревар од Б групата кој Македонија го одигра со Исланд и заврши без победник 27-27.

Местото на Манасков во стартната постава ќе го заземе Гоце Ојлески, а на Червар останува кој ракометар ќе го приклучи во составот за дуелот со Норвешка.

OhridNews