Јужна Африка, репрезентацијата домаќин во Јоахнесбург против Мексико ќе го отвори 19 – то Светско Првенство во фудбал. Традицијата вели дека домашната репрезентација никогаш не загубила на првиот меч од Мундијалот. На досегашните 18 шампионати, домаќинот во премиерниот меч победил 13 пати, а само 5 пати одиграл нерешено, без ниту еден пораз. Исто така земјата оргазнизатор секогаш ја минува фазата по групи во шампионатот.
Покрај традицијата, Јужна Африка на своја страна ќе ја има и поддршката од 90.000 гледачи кои ќе бидат на „Сокер сити“ стадионот во Јоханесбург. – Публиката ќе биде нашиот 12-ти играч – вели селекторот на ЈАР, бразилскиот стратег Карлоc Алберто Пареира, кој како тренер на Бразил триумфираше на СП 1994 година.
Тимот кој ќе се обиде да ја запре еуфоријата уште на стартот на Мундијалот е Мексико.
Три светски титули ќе бидат на теренот во двобојот меќу поранешните светски прваци Франција и Уругвај. Вицепрвакот од СП Германија 2006 , не брилираше на подготовките и мошне претпазливо ќе влезе во дуелот со “распукната“ селекција на Уругвај која во својот состав го има “убиствениот“ тандем , Диего Форлан и Луис Суарес, кои сезонава дадоа 70 гола во првенствата во Европа.
Двојки 1 коло
16.00 Јужна Африка – Мексико
20.30 Уругвај – Франција
СП Група А : Поранешните светските прваци ја враќаат славата
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com