Селекцијата домаќин на Светското првенство во ракомет Шпанија со убедлива победа 27-14 над Алжир ги започна натпреварите по групи. Шпанците пред почетокот на шампионатот важеа за едни од фаворитите кои ќе атакуваат на златното одличје, а по победата над Алжир тие и го потврдија тоа.


Големата разлика во квалитетот на репрезентациите беше евидентен од самиот почеток на мечот. “Црвената фурија“ носена од 12 000 гледачи во салата “Ла каха маџика“ од минута во минута го толчеше противникот.

Во последните десетина минути од натпреварот селекторот на Шпанија им пружи шанса на сите ракометарите да ја почуствуваат победончката еуфорија.

Најефикасен ракометар на натпреварот беше Шпанскиот репрезентативец Виктор Томас со осум голови, четири постигна соиграчот на Лазаров, Агиналаде додека најпрецизен во поразениот тим со со четири голови беше Мокрани.

Од групата Д в сабота ќе се доиграат останатите два натпревари од првото коло, а во него ќе се сретнат Хрватска – Австралија и Унгарија – Египет.

Мх.П.