Светскиот шампион од 2010 година, Шпанија финишираше на првата позиција во Б групата, додека од второто место во нокаут фазата патува Португалија после драмата која се одвиваше во завршните минути од натпреварите во последната трета рунда.

Шпанија и Португалија во третата рунда влегоа со ист број на бодови и гол разлика, а токму таа на крајот одлучуваше за пол позицијата во групата. „Црвената фурија“ со голот на Иаго Аспас изедначи на 2-2 со Мароко, додека португалците во финишот примија погодок од Иран и мечот заврши 1-1. Шпанците поради подобрата гол разлика ја зазедоа првата позиција во групата.

Избраниците на Фернандо Иеро во 1/8 финалето силите ќе ги одмерат со домаќинот Русија, додека шампионот на Европа ќе се сретне со Уругвај кој заврши на првата позиција во А групата.

OhridNews