Во последната минута од натпреварот при резултат 24-24 првиот напад за победа им припадна на србите, но ударот на најдобриот српски ракометар Момир Илиќ го одбрани голманот на Полска, Шмал. Тоа што не му појде од рака на Илиќ, му појде на Орзечовски, кој со звукот на сирената ја закова топката во мрежата на Србија.
“Орлите“ вината за поразот од Полска ќе ја бараат во своите редови откако не успеаја да ги валоризираат 18-те успешни одбрани на Дарко Станиќ.
Мечот помеѓу овие две селекции помина во симултанките на Јурецки и Илиќ кои застанаа на девет голови, но сепак херој на дуелот е Орзечовски со голот за победа во последната секунда.
Резултати :
Група Ц : Словенија – Белорусија 27-26, Саудиска Арабија – Јужна Кореја 24-22, Полска – Србија 25-24.
Табела : Словенија 8 бодови, Србија 6, Полска 4, Белорусија 2, Саудиска Арабија 2, Јужна Кореја 0.
Група Д : Австралија – Алжир 15-39, Унгарија – Шпанија 22-29, Хрватска – Египет 24-20.
Табела : Шпанија 8 бодови, Хрватска 8, Унгарија 4, Алжир 3, Египет 1, Австралија 0.