“Слоновите“ со повратникот Дидие Дрогба во тимот ќе се обидат да им го загорчат престојот во Јужна Африка на “кариоките“. Бразилците имаа неубедлив настап против аутсајдерот Северна Кореја, но велат дека после мечот најважни се бодовите кои одат на нивно конто. Корејанците играле премногу дефанзивно и не им оставиле многу простор да се размавнат.
– Не верувам дека Брегот ќе се брани толку многу, ќе имаме повеќе простор за игра. Многу е комплицирано да играте кога против себе имате ривал кој мисли само на одбрана. Треба да бидеме трпеливи, да ги градиме акциите без брзање и да ги бараме слободните соиграчи – рече Робињу.
Слоновите во првото коло одиграа без голови 0-0 против Португалија, а за мечот со Бразил очекуваат враќањето на капитенот да биде клучниот момент кој би ги одвел до победа.
– Нема да биде изненадување ако го ставам Дрогба во почетниот тим. Против Португалија тој одигра 25 минути и немаше никаков проблем – вели селекторот Свен Ериксон.
СП : Дунга „Голот на Маикон е сензационален“
Видео СП : “Самба“ се игра и во Африка
СП : Брегот и Португалија “без муниција“ на Порт Елизабет
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com