Дербито натпревар во групата на смртаа е Брегот на Слоновата Коска – Португалија. Мошне значаен натпревар за двете репрезентации кои сакаат да се најдат во нокаут-фазата. Клучно прашање за денешниот меч е дали во тимот на Ерискон ќе се појави напаѓачот Дрогба, кој пред десетина дена заработи скршеница на раката.


– Дури и да не биде во составот, Дрогба останува нашиот капитен и тој ни дава огромна сила и мотив. Брегот го има можеби најквалитетниот состав од сите африкански селекции, но ќе ја има и најтешка задача да ја помине групата. – вели играчот за врска, Дидие Зокора.

Португалија ќе атакува на победата предводена од вториот најдобар играч во светот, Кристијано Роналдо, кој е „алфа и омега“ во составот.


 – Постојат шест екипи кои се во состојба да го освојат Светското првенство. Португалија дефинитивно е една од нив. Ова е група во која се крие потенцијалниот светски првак. Не се плашам од никого, но и сите ги почитувам. – изјави Роналдо.

СП Група Ф : Кој ќе ја преживее групата на смртта ?

Ohridnews