Фудбалската федерација на Бразил и официјално го разреши Карлос Дунга од функцијата селектор на националниот тим, по елиминацијата од Светското првенство во Јужна Африка.


Воднаш по поразот од Холандија со 2:1 во четвртфиналето, Дунга и самиот најави дека ќе поднесе оставка.

Први кандидати за нов стратег на кариоките се поранешниот тренер на Челзи Луиш Филипе Сколари и Леонардо кој минатата сезона го предводеше Милан.

Ohridnews