Европскиот првак Шпанија во репризата од финалето од Европското Првенство 2008 година , преку Германија ќе се обиде стигне до прво финале на Светските првенства, доколку “панцерите“ играат во финалето за нив тоа ќе се биде рекордното 8 учество во финалниот меч.


„Панцерите“ го имаат најдобриот напад на првенството и во досегашните пет меча дадоа 13 погодоци, додека нивната мрежа се тресеше само двапати. Во тимот нема изразита ѕвезда и главно во играта им е колективниот дух и тимската сплотеност.

– Не сум размислувал дека ова треба да биде одмазда. Пред две години
загубивме од тим кој беше подобар од нас. Играта на Шпанија не се
заснова само на индивидуалните квалитети. Тие се многу силни и како
тим. Тоа е репрезентацијата која го игра најдобриот фудбал во
изминативе две-три години. Шпанија го нема Меси во своите редови, но
тие имаат повеќе од еден Меси. Шпанија не е тим како Англија и Аргентина и тие не прават многу
грешки. 
– вели Лев,  додавајќи дека главната битка ќе се води на
средината на теренот.


„Црвената фурија“ веќе покажа дека е зрела за успеси на големи
натпреварувања. Пред две години речиси истиот состав кој е треба да
настапи вечерва ја освои европската круна. Во финалето во 2008 година
во Виена, Шпанија славеше со 1-0 токму против нивниот вечерашен
противник Германија.


– Пред две години ја победивме Германија и сигурно дека тие не се среќни што сега пак ќе играат против нас. Сепак ние треба да го заборавиме тој меч и да се фокусираме на тоа што следува. Ако не триумфираме на СП залудно ќе биде се’ што сме правеле досега – вели Давид Вилја, кој досега во дресот на Шпанија има постигнато 43 гола, еден помалку од рекордот на Раул кој е најдобар стрелец во националниот тим.


Натпреварот се игра во 20.30 а ќе го води унгарскиот арбитар Касаи. Подобриот од овај полуфинален натпревар ќе игра против Холандија на финалето на 11 јуни.

Ohridnews