По една година исполента со падови и успони, фудбалерот за врска на Австрија Виена,австралијанецот Џејмс Холанд денес ќе дебитира на Светските првенства на мечот против Чиле.
– Мојата сезона беше како ролеркостер, но сега сето то ќе го оставам зад мене и се фокусирам на што подбар настап со репрезентацијата на Мундијалот – вели Холанд.
Со Австрија играше во Лигата на Шампиони и неговото европско искуство му дава повеќе опции на селекторот на кенгурите.
– Секако дека настапите во Лигата на шампиони се значајно искуство. Се надевам дека тоа доста ќе ми помогне на мечевите против европските селекции Шпанија и Холандија – смета Холанд
Австралија е тотален аутсајдер во Б групата, каде уште е актуелниот освојувач Шпанија, како и вицепрвакот Холандија, групата се заокружува со селекцијата на Чиле.
– Многумина не очекуваат многу од нас. То го намалува притискот на нас, и ние може да се опуштиме и да уживаме во она што значи настап на Светскиот Куп – исткана Холанд.
Во Австралиската одбрана ќе го нема натурализираниот македонец Саша Огненовски кој во изминатиот период беше еден од стандардните во составот на кенгурите.
– Саша е одличен човек, многу вреден но и многу коректен и навистина ми беше задодволство да играм со него. Жалам што не усепа да се избори за место во тимот –завршува Холанд.
Австралија на првиот меч ќе се сретне со Чиле.
М.П.