Капитенот на Англиската репрезентација, Рио Фердинад се повредил за време на првиот тренинг на “трите лава“ во Јужна Африка.Централниот дефанзивец се здобил со повреда на коленото во последните моменти од тренингот, а по скенирање ќе биде позната тежината на неговата повреда.
Фердинад кој ја превзеде капитенската лента од Тери, во последната сезона мака мачеше со повредите и долго време беше надвор од терените. Евентуалното откажување на Рио ќе треба да го пополнат Карагер, Кинг или Апсон.
Англија првиот натпревар на Мундијалот го игра на 12 јуни против САД.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com