Сензационален пресврт се случи во размислувањето на претседателот на “ФИФА”, Сеп Батлер, oбјави дека воведувањето на модерната технологија во фудбалот во најбрз можен рок ќе се најде на разгледување во федерацијата.
Англија беше поразена со 4-1, но при резултат од 2-1 голот кој го даде Лампард не беше забележан од судиите. Мексико пак, изгуби од Аргентина, кога првиот гол за гаучосите го постигна Тавез за кој се увиде дека бил во офсајд 92 сантиметри.
Блатер објави дека веќе им се извинил на двете репрезентации, кои го прифатиле неговото извинување.Според него, на одборот на меѓународните фудбалски здруженија (ИФАБ) во Велс идниот месец ќе се отвори расправа за воведување на модерна технологија вклучувајќи видео и сензори на теренот.
“Смешно е ако не го направиме тоа. На првиот состанок ќе се разговара само за воведување технологија на гол линијата, додека за ситуацијата што и се случи на Мексико технологија не е потребна“, додаде Блатер.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com