Трофејот од Светското првенство во кошаркар ќе добие нов сопственик, откако бранител на титулата САД во четвртфиналето ги заврши на Мундијалот во Кина. Неприминлива пречка за составот на САД беше Франција, која славеше со 89-79 (18-18, 27-21, 18-27, 26-13) и обезбеди пласман во полуфиналето.

„Триколирите“, одиграа фантастичен натпревар и во сенка ги фрлија кошаркарите кои доаѓаат од НБА лигата. Првата четвртина помина во изедначена игра со менување на водството и на крајот бројките на семафорот беа идентични 18-18. Дрскост во играта, француските кошаркари, покажаа во вториот квартал кој го добија со 27-21 за водство после првиот дел.

Американците кои на СП во Кина допатуваа како главни фаворити и актуелни светски шампиони квалитетот го демонстрираа во третиот период кој го добија со 27-18, со што го презедоа и водството. Но во решавачката четвртата четвртина имаа страшен пад во играта, французите се вешто искористуваа и погодуваа за одлепување на пет а потоа и на осум поени разлика. Тимот на САД, проба се во последните 60-тина секунди но разликата беше недостижна.

Во полуфиналето, Франција, ќе се сретне со Аргентина која и го зеде скалпот на Србија во вчерашниот дуел во четвртфиналето.

OhridNews