Селекторот Дидиер Дешамп ја изненади целата француска и светска јавност откако од поширокиот список за Мундијалот ги изостави Самир Насри и Гаел Клиши.

Сеуште Насри и Клиши се немаат изјаснато за одлуката на селекторот да ги „избрише“ од репрезентацијата.
Наспроти нив во селекцијата на Колумбија преовладува радост откако на списокот се најде Радамел Фалкао.
Тој потешко се повреди во месец јануар и крајно неизвесен беше неговиот настап, а по вклучување во составот вестите се добри за колумбијците.
Мх.П.











