По ремито на стартот и поразите во второто коло селекциите кои ќе играат меѓу себе Јужна Африка и Франција со телото ќе бидат на Блумфонтејн стадионот, но со мислите ќе бидат во Рустенбург, каде Мексико и Уругвај ќе играат за реми што им гарантира осмина-финале на двете селекции.
– Ние сме фокусирани на победа и тоа со што можно поголема разлика , а се надеваме дека резултатот од другиот меч ќе биде во наша полза – истакна Рајмонд Доменек
– Не мислам дека треба да се браниме и да чекаме нивна грешка и преку контри да ги загрозиме. Ако сакаме сеуште да бидеме дел од ова СП, ќе мора да нападнеме и да превезмеме поголем ризик – смета Карлос Алберто Пареира, селекторот на домаќинот ЈАР.

Видео СП : Мексико ги “искуба“ петлите
СП : Пареира “ Бусака не уништи“









