Шпанија – Холандија ќе играат во финалето на 19. Светско Првенство во Јужна Африка. “Фуријата“ до своето прво историско финале стигна по победата на Германија со 1-0.  На 11 јули на стадионот “Сокер Сити“ светот ќе добие нов првак, кој за прв пат ќе се закити со светската титула.


Натпреварот кој помина во тактичко надмудрување на двајцата селектори,  беше одлучен во вториот дел со погодокот на Пујол.

Шпанците доминираа на мечот благодарение на погрешната стратегија на германскиот селектор Јоаким Лев кој се повлече на својата половина и не се обиде да се надигрува со “фуријата“, нешто што во голема мера му успеа на претходните мечеви против Англија и Аргентина.

Избраниците на “незабележителниот“ Дел Боске го контролираа текот на играта и не им дозволија на “панцирите“ да се размавнат. Себичниот Педро во финишот на мечот имаше можност да се прослави, но се сплетка и приликата за поубедлив триумф пропадна.

Традицијата не е на страна на Шпанија, досега никогаш победникот на Мундијалот не го загубил воведниот натпревар што беше случај со “фуријата“ кој претпре пораз од Швајцарија.

М.П.