Европскиот првак Шпанија ќе ја има честа да ја зоокружи првата рунда од Светскиот Куп во ЈАР. Најголемите фаворити според букмејкерите на отварањето на групата ќе играат против репрезентацијата на Швајцарија, која нема победа над “фуријата“ во последните 18 натпревари.
Фуриозниот напад на Шпанија, ќе мора да ја пробие швајцарската одбрана која 394 минути нема примено гол на Мундијалите. На последниот собир во Германија, избраниците на Отмар Хицфилд не примија гол во четирите натпревари , а беа елиминирани од Украина на пенали. Последни кои ја затресле мрежата се токму “црвените“ во победата од 3-0 на СП во Сад 1994 година.
– Шпанците не се само технички подобри, туку и доста добро се движат. Мора да бидеме компактни во одбраната и да се обидеме преку контра напади да ги заогрозиме. Нашата шанса ќе ја бараме од прекини, каде може да бидеме многу опасни – истакна Отмар Хицфилд.
– Кога си напаѓач во националниот состав, неможеш да чекаш шансите да дојдат сами по себе, потребно е доста движење, и отварање простор за останатите во тимот. Јас постигнувам голови бидејќи играм за тимот – смета Давид Виља.
На останатиот натпревар во оваа група играат Хондурас – Чиле










