Репрезентативците на Аргентина освоија само бод на гостувањето кај Колумбија, ремизирајќи 2-2, иако од осмата минута имаа предност од два погодоци, во јужноамеричките кваликациите за Светското првенство во Катар следната година.

„Гаучосите“ поведоа со головите на Ромеро и Паредес, но водството не се покажа доволно за победа. Колумбијците во 51-та намалија на 21, а бод обезбедија со погодок во судиското продолжение. Стрелец беше Борха.

„Кариоките“, пак, во шестиот натпревар ја забележаа шестата победа. Бразил во шестата рунда од квалификациите беше подобар од Парагвај со 2-0. Творци на победата беа Нејмар и Пакета, кои ја погоди мрежата на ривалот.

  • Резултати:

Венецуела – Уругвај 0-0

Колумбија – Аргентина 2-2

Парагвај – Бразил 0-2

Чиле – Боливија 1-1

Еквадор – Перу 1-2

Табела: Бразил 18, Аргентина 12, Еквадор 9, Уругвај 8, Колумбија 8, Парагвај 7, Чиле 6, Боливија 5, Венецуела 4, Перу 4.

OhridNews