Селекцијата на Србија во седмата рунда од мундијалските квалификации ќе и гостува на Белгија. “Орлите“ со пораз од “црвените ѓаволи“ ќе ги загубат теоретските шанси за пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година, а ќе останат и без селектор по завршувањето на квалификациите.


– Со пораз од Белгија во наредната рунда ќе ги загубиме сите шанси за пласман на СП. Ќе останам до крајот на квалификациите, а во случај на неуспех заминувам на крајот од циклусот – рече Михајловиќ.

Шансите за “орлите“ да обезбедат пласман на СП во Бразил се сведени на теорија откако претрпеа порази од Македонија 1-0 односно Хрватска 2-0.

Мх.П.