СП : Германија ја оправда улогата, а тука се Холандија и Белгија
19.06.14 09:48
Во екот на Мундијалските натпревари фудбалската школа „Фер Плеј“ напорно тренира и се подготвува за предизвиците кои им престојат.
Тренинзите им се одвиваат претпладне и попладне и сите имаат можност да ги следат натпреварите од Светското првенство во фудбал.
– Светското фудбалско првенство во Бразил изобилува со доста активен и напаѓачки фудбал за што говори високиот просек постигнати голови по натпревар. Германија ја оправда фаворитската улога, а според мене исто така мора сериозно да се смета на Белгија и Холандија – рече Игор Настоски тренер во фудбалската школа „Фер Плеј“.
Во преостанатите натпревари од групната фаза предводникот на „виолетовите“ не очекува некои поголеми изненадувања, а од досегашниот е незадоволен од три селекции Бразил, Аргентина и Шпанија.
– Времето за изненадувања ми се чини дека помина. Фаворитите сериозно ќе пристапат во мечевите и ќе забележуваат победи – додаде Настоски.
Експедицијата на Фер Плеј со две генерации (2003 и 2005) отпатува на екстра квалитетниот турнир во Краљево.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.