Фудбалската рапсодија ја отвори најдобриот стрелeц во модерната германска историја Мирослав Клозе во 20 – та минута користејќи ја неодлучноста на англиската одбрана. Лошото маркирање го искористи и Лукас Подолски кој со вториот гол на мечот го навести потопот на “Гордиот Албион“.
Неиграњето на Фердинанд беше недонаместливо, па откако го увидоа тоа “лавовите“ тргнаа во офанзива. Виновникот за првиот погодок , Апсон делимично се извади откако со глава намали на 2-1. Англија продолжи со офанзивата и преку Лампард стигна до нов погодок. Топката по ударот од гредата заврши во голот на Нојер, сите го видоа тоа, освен судијата Илараиондо и неговиот прв помошник Фандино.
Натпреварот сигруно ќе добиеше друг тек, доколку на одмор се заминеше со 2-2. Решително тргнаа “црвените“ на страртот на второто полувреме, но никако да го пронајдат патот кон мрежата на одличниот Нојер кој беше несовладлив, тогаш кога не успеаваше голманот, на помош се јави гредата која го запре фантастичниот удар на Лампард.
Наместо изедначување нов шок за многубројната армија навивачи на Англија. Бери губи една топка на работ на германскиот казнет простор, следува фантастична контра преку Озил која со погодок ја крунисува Милер. “Копи “- “пејст“ акција и за четвртиот гол во мрежата на Џејмс кој ги закопа сите надежи на “трите лава“.
Во четвртфиналето Германија ќе игра против победникот од дуелот Аргентина – Мексико.









