Селекторот на англиската фудбалска селекцијата, Рој Хоџсон го состави списокот фудбалери кои ќе настапуваат на Мундијалот во Бразил.

Хоџсон им даде шанса на помладите Стерлинг, Баркли, Шо, а од постарите не ги повика Ешли Кол и Мајкл Керик.

Англија во групата Д на Светското првенство се наоѓа со Италија, Уругвај и Костарика.

Составот :

Голмани: Џо Харт (Ман.Сити), Бен Фостер (ВБА), Фрејзер Форстер (Селтик)

Одбрана: Гери Кејхил (Челзи), Лејтон Бејнс, Фил Јагилека (двајцата од Евертон), Глен Џонсон (Ливерпул), Лук Шо (Саутемптон), Крис Солимг, Фил Џонс (двајцата од Ман.Јунајтед)

Ред за врска: Френк Лампард (Челзи), Џек Вилшир, Алекс Окслејд-Чембрлен (двајцата од Арсенал), Џејмс Милнер (Ман.Сити), Адам Лалана (Саутемптон), Рос Баркли (Евертон), Џордан Хердесон, Стивен Џерард, Рахим Стерлинг (сите од Ливерпул)

Напад: Рики Ламберт (Саутемптон), Даниел Стариџ (Ливерпул), Вејн Руни, Дени Велбек (двајцата од Ман.Јунајтед).

Мх.П.