Мечот помеѓу Грција и Република Кореа е првата меѓусебна пресметка на светските првенства. “Првиот натпрвар е секогаш најважен“ велат фудбалерите на двата тима кои претпазливо ќе влезат во трката за бодови. Со оглед на тоа што “ Албиселсте“ се фаворити во оваа група поразениот во овај меч тешко дека ќе ги дочека натпрeварите од втората рунда.
За Грција ова е второ учество на плантерните собири, во 1994 во САД , беа во групата со Нигерија, Аргентина и Бугарија и претпреа три порази притоа непостигнувајќи ниту еден гол.
– Земјите како Јужна Кореа имаа одличен тимски дух и играат со многу мотив. Ни ќе направиме се` да не го разочараме грчкиот народ – рече германецот на клупата на Грција, Ото Рехагел.
– Во нашите очи мечот со Грција е најважниот во нашата група. Ако победиме ќе имаме реални шанси за пласман во нок -аут фазата – оптимист е одбранбениот играч Ли Јан По.
Натпреварот се игра во 13.30 минути, а ќе го води Михаел Хестер од Нов Зеланд.
СП Група Б : Старите познаници ќе се сретнат повторно
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com