Асистенцијата со рака на Тиери Анри до Вилијам Галас во продолженијата со Република Ирска го трасираја патот на “петлите“ до 13-то учество на завршницата на мундијалите. На минатото Светско првенство во Германија, Франција предводена од “маестро“ Зинедин Зидан беше поразени од Азурите во финалето на пенали. Во 1998 на домашно тло “петлите“ го остварија најголемиот успех освојувајќи го трофејот Жил Риме откако во финалето на “Стед де Франс“ со убедливи 3-0 ги скротија “кариоките“.

Поради слаби сезони во нивните клубови, селекторот Рејмонд Доменеш не ги повика Карим Бензема и Самир Насри.Прва виолина на “триколорите“ на мундијалот во ЈАР ќе биде членот на германскиот Баерн Минхен, Френк Рибери од втор план ќе “гризат“ талентот на францускиот фудбал Јоан Гуркуф и Флорент Малуда додека голема подршка се очекува од “старите волци“ Тиери Анри и Николас Ањелка.
Состав
Голмани: Седрик Карасо, Уго Лорис, Стив Манданда
Одбрана: Ерик Абидал, Гаел Клиши , Патрис Евра, Вилијам Гала, Марк Плани , Антони Ревејер, Бакари Сања, Себастијан Скилачи .
Среден ред: Абу Дијаби, Алу Дијара , Јоан Гуркуф , Флоран Малуда , Жереми Тулалан, Матје Валбуена .
Напад: Никола Анелка , Џибрил Сисе, Андре-Пјер Жињак, Сидни Гову, Тиери Анри, Франк Рибери.
Прв пат во 80 години ФИФА му додели организација на мундијал на афричка република, честа да го има тоа беше Јужна Африка. Домаќинот на 19-то Светско првенство со нетрпение го очекува 11 јуни кога ќе започне собирот на најдобрите 32 репрезентации. Фудбалот во Јужна Африка беше ставен во втор план заради политичкте проблеми во земјата нередите и опасноста од несакани последици ја примораа ФИФА да ја острани Јужна Африка од нејзината “капа“. После поминати цели 20 години ЈАР се врати и стане рамноправна членка како и сите други. За репрезентацијата на Јужна Африка ова е трето Светско првенство, на минатите две немаат некои посериозни успеси.

Најголем адут на “бафана бафана“ е бразилскиот стратег Карлош Алберто Пареира, кој го има рецептот за освојување на титулата, воедно за него ова е шесто Светско првенство како тренер. Пареира со репрезентацијата на Бразил се искачи на тронот во 1994 година триумфирајќи над Италија на пенали. Бразилецот од составот го изостави најдобриот стрелец во дресот на Јужна Африка и член на премиерлигашот Блекбурн, Бени Мекарти. Најголемиот фонд на фудбалери доаѓаат од Премиер Лигата, лидер на оваа генарација е Стивен Пиенар, кој ги брани боите на Евертон.
Состав:
Голмани: Итумеленг Куне, Моенеб Џозеф, Шу-Аиб Валтерс
Одбрана: Метју Бут, Шибонисо Гаџа, Бонгани Хумало, Сепо Масиела, Арон Мокоена, Брус Мун, Анеле Нконгка, Сијабонга Сандвени, Лукас Твала.
Среден ред: Спрајс Морири, Френклин Кол, Кагишо Дикгачои, Теко Модис, Ренелје Летшолонјане, Сифиве Табалала, Тандујс Кубони, Стивен Пиенар, Мекбет Сибаја.
Напад: Катлего Мпела, Сијабонга Номвете, Бернард Паркер
Мексико со спојот на искуството и младоста треба да остави трага на 14-то Светско првенство за нив. Репрезенацијата на Мексико предводена од Хавиер Агире ќе се обиде да ја мине кобната пречка наречена 1/8 финале. Четири мундијали патот на “Ел Три“ завршува во 1/8 финалето, во Америка 1994 пречка беше изненадувањето Бугарија, на Светското Франција, Мексико беше елиминиран од Германија, во Јапонија и Јужна Кореја испаднаа од лутиот ривал Америка додека на собирот во Германија, Аргентина беше репрезентацијата кој го исфрли Мексико од понатамошното натпреварување. Мексико најголемите успеси ги бележи на Светските првенства во 1970 и 1986 кога играат во 1/4 финалето.

Ветеранот во репрезенацијата Бланко, кој има 114 настапи за Мексико повторно ќе биде клучна алка, помогнат од искусните Џилермо Франко и столбот во одбрната Рафаел Маркез треба да бидат движечка сила на “Ел Три“. На престојниот собир се очекува да заблескаат неколкуте млади звезди Џовани Дос Сантош, Карлос Вела кој настапува во Арсенал и новото засилување на Манчестер Јунајтед Хавиер “чикарито“ Хернандес.
Состав
Голмани: Оскар Перез, Гилермо Очоа, Луис Ернесто Мичел.
Одбрана: Рафаел Маркес, Рикардо Осорио, Франциско Родригез, Карлос Салсидо, Хектор Морено, Паул Агилар, Ефраин Хуарез, Џони Магаљон, Хуан Карлос Валнсуела, Жорге Торес Нило, Адраин Алдрете.
Среден ред: Андрес Гвардадо, Џовани дос Сантос, Жерардо Торадо, Исраел Кастро
Напад: Пабло Барера, Адолфо Баутиста, Аалберто Медина, Бланко, Карлос Вела, Хавиер Хернандез, Гилермо Франко
Двократниот освојувач на трофејот во раните почетоци на мундијалот Уругвај, мака мачи да се врати на старите победнички патеки. Уругвај 11-то учество на мундијалите го визираше на “мускули“ откако триумфираше над Костарика во баражот. Уругвај се има радувано на 14 титули во Копа Америка, две злата има и од Олимписките игри.
За селекторот Оскар Табањес ова е втор мундијал на кормилото на репрезентацијата на Уругвај, првото искуство го имаше на Светското во 1990 во Италија. Табањес негува напаѓачки стил на игра а тоа и како му одгвара на убиствениот тандем на репрезентацијата Диего Форлан и Луис Суарез, кои во изминатава сезона постигнаа 79 погодоци заедно.
Состав
Голмани: Фернандо Муслера Хуан Гилермо Кастилјо, Мартин Силва.
Одбрана: Диего Лугано, Диего Годин, Андрес Скоти, Жорге Фучиле, Мартин Касерес, Маурицио Викторино, Максимилијано Переира.
Среден ред: Валтер Гаргано, Егидио Аревало Риос, Себастијан Егирен, Диего Перес, Алваро Переира, Алваро Фернандес , Жорге Родригес, Алваро Гонзалес, Игнацио Гонзалес, Николас Лодеиро.
Напад: Себастијан Фернандес, Луис Суарес, Диего Форлан, Себастијан Абреу, Единсон Кавани, Жорге Мартинес.
Група А
Натпревари:
11/06 16:00ч Јужна Африка – Мексико
11/06 20:30ч Уругвај – Франција
16/06 20:30ч Јужна Африка – Уругвај
17/06 20:30ч Франција – Мексико
22/06 16:00ч Мексико – Уругвај
22/06 16:00ч Франција – Јужна Африка









