Три од четирите репрезентации во Б групата играа меѓусебе на Светското првенство во САД 1994. Друштво на Аргентина, Нигерија и Грција овај пат ќе им прави Ј.Кореа.

Цели 24 години Аргенитна чека успех од репрезентацијата на Светските првенства.  “Гаучосите“ на трофејот се радуваа во 1978 и 1986 година предводени од Диего Армандо Марадона. Лионел Меси на теренот, Марадона на клупата треба бидат движечката сила на Аргентина на престојниот Мундијал. Избраниците на “Ил Пиебе“ квалифакциите ги помина играјќи “топло-ладно“ и во 18 натпревари забележа 6 порази, а за паметење е поразот од Боливија со 6-1. Во последно коло “гаучосите“ минимално триумфираа на гостувањето кај Уругвај и обезбедија пласман на завршницата од турнирот.


Нападот на Аргентина е нај јаката алка во репрезентацијта, селекторот Марадона ќе биде на слатки маки кој напаѓачки тандем да ги започне натпреварите. Лионел Меси очекува голема подршка од Карлос Тевез, Кун Агуеро, ударната игла на Реал Мадрид Гонзало Игуаин и маестралниот оваа сезона Диего Милито. Изоставувањето на двоецот на Интер, Хавиер Занети и Естебан Камбијасо крена голема прашина на изборот кои фудбалери ќе ги бранат боите на Аргентина. Во составот немаше место и за најдбриот фудбалер во француското првенство Лисандро Лопез.

Состав:
Голмани: Серџо Ромеро, Маријано Андухар, Диего Позо).

Одбрана: Николас Отаменди, Мартин Демикелис, Валтер Самуел, Габриел Хајнце, Николас Бурдисо, Клементе Родригес, Ариел Гарсе.

Среден ред: Јонас Гутиерес, Макси Родиригес, Хавиер Маскерано, Хуан Себастијан Верон , Анхел ди Марија, Хавиер Пасторе, Марио Болати.

Напад: Лионел Меси, Гонзало Игуаин, Мартин Палермо, Серхио Агеро, Диего Милито, Карлос Тевес.

Jужна Кореја е најкостантната репрезентација од Азија на светските првенства, “црвените ѓаволите“ ќе го забележат 8-то учество на Светските првенства. Репрезентацијата во квалифакициите се прошета низ групата завршувајќи без пораз и го зазеде првото место во групата. Јужна Кореја на мундијалите ќе биде запаметена по историскиот успех  на домашно тло пласирајќи се во ½ финалето, на чекор  до големото финалето ги застана Германија.


Играта на селекторот Хух Јунг-Му ќе биде базирана на дефанзива и  брзи контра напади.   Звезда и капитен на репрезентацијата е членот на Манчестер Јунајтед, Џи Сунг-Парк, кој плени со својата итрина, брзина и завршница.

Состав:
Голмани: Ким Јанг-Кванг,  Ли Вун-Џае, Јунг Сунг-Рионг.

Одбрана: Канг Мин Су,  Ким Донг-Џин, Ким Хјунг-Ил, Ох Беом-Сеок, Ли Јанг-Пјо, Ли Јунг-Су, Ча Ду-Ри, Чо Јонг-Хјунг.

Среден ред: Ку Џа-Чеол, Ки Сунг-Јонг, Ким Бо-Кјунг, Ким Нам-Ил, Шин Хјунг-Мин, Ким Џае-Сунг, Ким Јунг-Ву, Ли Чунг-Јонг, Парк Џи-Сунг.

Напад: Парк Чу-Јанг, Ан Џунг-Хван, Ли Сунг-Рул, Јеом Ки-Хун, Ли Кеун-Хо, Ли Донг-Гок.

Нигерија ќе биде еден од шесте “домаќини“ на престојното 19-то Светско првенство. “Орлите“ настапија на мундијалите во 1994, 1998 ја прескокнаа завршницата во Германија за среќно да се пласираат на ова Светско првенство. Селектор на Нигерија е  61-годишниот швеганецот Ларс Лагербек, кој по поминати две децении ја напушти клупата на шведската репрезентација. Нигерија најголемиот успех го  постигна  на Олимписките игри во Атланта 1996, освојувајќи го златото. “Орлите“ имаат два злата и од Купот на Африкански Нации.


Лидери на Нигерија треба да се фудбалерите кои доаѓаат од Премиер Лигата. Во одбраната ќе царува Јосеп Јобо, во средината треба  да владее Џон оби Микел додека во нападот орлите ќе “гризат“ Оба Оба Мартинс, Ајегбени Јукубу а поткрепа ќе добијат од искусниот напаѓач Накванко Кану.

Состав:
Голмани: Винсент Енјеама, Дејл Ајенугба, Остин Еџиде

Одбрана: Таје Таиво, Елдерсон Ехиеџиле, Чиди Одиах, Јосеп Јобо, Даниел Шиту, Ајоделе Аделеје, Рабу Афолаби.

Среден ред: Калу Уче, Диксон Етуху, Џон Оби Микел, Сани Каита, Лукман Харуга, Ајила Јусуф, Питер Осазе

Напад: Јакубу Ајегбени, Чинеду Обаси, Нванкво Кану, Обафеми Мартинс, Џон Утака, Виктор Обина

Грција втор пат после мундијалот 1994 ќе го почуствува шмекот на Светското првенство во Јужна Африка. На завршницата на мундијалот во Америка, Грција беше лесен залак за противнциите, претпреа три порази во исто толку натпревари без постигнат погодок. Грција пласман во најдобрите 32 репрезентации обезбеди преку баражот елиминирајќи ја Украина, херој на Грција беше членот на германска Херта,  Теофис Гекас. Дека може да биде незгодна репрезентација Грција покажа триумфирајќи на Европското првенство во Португалија, совладувајќи ја го домачинот во финалето.   


Селектор на грчката репрезентација е германскиот стратег Ото Рехагел, кој негува типична дефанзивна игра. Поголем дел од репрезентативците на Грција играат во домашното првенство. Но фудбалерите задолжени за тресење на противнички мрежи играат надвор од својата земја, Ангелос Харистеас ги брани боите на Нирнберг, Теофис Гекас настапува за Херта додека ударната игла на репрезентацијата Јоргос Сарамас доаѓа од шкотскиот Селтик.

Состав :

Голмани: Михалис Сифакис, Александрос Цорвас, Костас Чалкиас

Одбрана: Јоргос Сеитаридис, Лукас Винтра, Евангелос Морас,  Сократес Папастатопулос , Сотирис Кирјакос, Аврам Пападопулос, Василис Торосидис, Никос Спиропулос,  Стелиос Малезас, Јоргос Цавелас, Костас Манолас, Јоргос Галистос, Стергос Маринос

Среден ред: Костас Кацуранис, Александрос Циолис, Јоргос Карагунис,Сотирис Нинис , Кристос Патсацоглу, Григорис Макас, Сакис Притас, Лазарос Кристодолопулос.

Напад: Ангелос Харистеас. Димитрис Салпигидис, Пантелис Капетанос, Теофанис Гекас, Јоргос Самарас.

Натпревари Груапа Б

12/06 16:00ч Аргентина – Нигерија
12/06 13:30ч Кореа – Грција
17/06 16:00ч Грција – Нигерија
17/06 13:30ч Аргентина – Кореа
22/06 20:30ч нигерија – Кореа
22/06 20:30ч Грција – Аргентина

СП Група А : Поранешните светските прваци ја враќаат славата