Иако не го понесе епитетот група на смрта секако дека Д групата е една од поизендачените по квалитет на овај Мунидијал. Германија влегува како фаворит, додека Австралија, Србија и Гана ќе се тркаат кој прв во втората позиција.
Тивкиот но сигурниот фаворит на Светски првенства Германија од 1954 се до сега стигнуваат до ¼ финалето во завршницата. Кога ќе станез збор за Светско првенство не може да мине без трикратниот првак. “Панцирите“ во квалификациите му одржаа лекција на Русија и Финска и обезбедувајќи го 14-от мундијал за нив. На претхидниот собир на 32 репрезентации Германија на домашен терен беше елиминирана во ½ финалето од Италија. За по две години на ЕП да стигне до финалето и да биде поразена од “црвената фурија“.
Селектор на “панцирите“ е Јоаким Лев, кој му беше помошник на Јирген Клисман на мундијалот во 2006. Предводникот на Германија и капитенот Михаел Балак ќе го пропушти мундијалот поради повреда. Капитен на “панцирите“ во отсуство на Балак е Филип Лам. Сите репрезентативци на Германија доаѓаат од Бундес Лигата.
Состав
Голмани: Ханс Јорг Бут (Баерн Минхен), Мануел Ноер (Шалке), Тим Визе (Вердер)
Одбрана: Денис Аого (Хамбургер), Марсел Јансен (Хамбургер), Жером Боатенг (Хамбургер), Холгер Бадштубер (Баерн Минхен), Филип Лам (Баерн Минхен), Арне Фридрих (Херта), Пер Мертесакер (Вердер), Сердар Таски (Штутгарт).
Среден ред: Сами Кедира (Штутгарт), Тони Крос (Баер Леверкузен), Марко Марин (Вердер), Месут Езил (Вердер), Бастјан Швајнштајгер (Баерн Минхен), Пјотр Троховски (Хамбургер)
Напад: Какау (Штутгарт), Марио Гомес (Баерн Минхен), Томас Милер (Баерн Минхен), Мирослав Клосе (Баерн Минхен), Штефан Кислинг (Баер Леверкузен), Лукас Подолски (Келн)
Прв пат по “новото“ име Србија ќе настапи на мундијалот. Србија имаше настап за заборав 2006 г во Германија кога не се прославија, елиминарани беа во првата фаза со три порази во исто толку натпревари. “Орлите“ во квалификациите се пласираа на првото место пред фаворизаната Франција.
“Белите орли“ ги “скроти“ искусниот стратег Радомир Антиќ, кој одлично ги вклопи сите можни ресурси што ги има во репрезентацијата. Клучна алка во репрезентацијата е одбраната предводена од фудбалерот на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ и членот на Челси, Бранислав Ивановиќ. Во средината на теренот за борба е задолжен капитенот Дејан Станковиќ, Милош Красиќ се очекува да блесне на мундијалот по одличната престава во дресот на руската ЦСКА Москва. Задачата за тресење на противнички мрежи ќе ја има робусниот напаѓач Никола Жигиќ и голгетерот на Ајакс, Марко Пантелиќ
Состав
Голмани: Владимир Стојковиќ (Виган), Бојан Исаиловиќ (Чукарички), Анѓелко Ѓуричиќ (Леириа).
Одбрана: Немања Видиќ (Манчестер јунајтед), Бранислав Ивановиќ (Челси), Александар Луковиќ (Удинезе), Антонио Рукавина (Минхен 1860), Александар Коларов (Лацио), Невен Суботиќ (Борусија Дортмунд), Иван Обрадовиќ (Сарагоса).
Среден ред: Дејан Станковиќ (Интер), Здравко Кузмановиќ (Штутгарт), Милош Красиќ (ЦСКА Москва), Ненад Милијаш (Вулверхемптон), Милан Јовановиќ (Стандард), Зоран Тошиќ (Келн), Гојко Качар (Херта), Милош Нинковиќ (Динамо Киев), Радосав Петровиќ (Партизан).
Напад: Никола Жигиќ (Валенсија), Данко Лазовиќ (Зенит), Марко Пантелиќ (Ајакс), Драган Мрџа (Војводина).
“Црните звезди“ дебито на мундијалите го имаа во 2006 во Германија, второто учество Гана фуриозно го обезбеди преку квалифакициите. Четири кратниот африкански првак ќе имаат одлична шанса на “домашен“ терен да направат нешто посериозно и да му ги замрсат сметките на фаворитите. Доказ за квалитетот на репрезентацијата се “надежите“ кои триумфираа на Светското младинско првентсво совладувајќи го Бразил на пенали.
Репрезентацијата на Гана ќе биде без лидерот Мајкл Есиен, кој оваа сезона мака мачи со повредета на коленото. Тежината на свои плеќи ќе ја преземат Сали Мунтари и напаѓачот на француски Рен Асамоа Гијан. Капитенот Џон Менса е “командант“ на одбраната . Селектор на репрезентацијата е србинот Милован Рајевац, клучен натпревар за “црните звезди“ ќе биде натпреварот со Србија во групата.
Состав
Голмани: Ричард Кингстон (Виган), Даниел Агеи (Либерти), Стивен Аорлу (Хартс оф Лионс).
Одбрана: Самуел Инкум (Базел), Џонатан Менса (Гренада), Ли Аду (Бехем), Рахим Аје (Замалак), Ханс Сарпеи (Баер Леверкузен), Џон Менса (Сандерленд), Исак Ворса (Хофенхајм), Џон Пентсил (Фулам).
Среден ред: Сали Мунтари (Интер), Дерек Боатенг (Хетафе), Ентони Анан (Розенборг), Квадво Асамоа (Удинезе), Андре Аје (Арлес), Стивен Апиа (Болоња), Овусу Абеје (Ал Сад), Кевин Принс Боатенг (Портсмут).
Напад: Метју Амоа (Нак Бреда), Асамоа Гијан (Рен), Принс Таго (Хофенхајм), Доминик Адија (Милан).
Австралија беше една од првите репрезентации кои обезбедија место на завршницата на СП во Јужна Африка. „Кенгурите“ немаа проблеми во својата група во азиските квалификации, завршувајќи како најдобра пред Јапонија, Бахреин, Катар и Узбекистан, со 6 победи и две реми, без ниту еден пораз.
За Австралија ова ќе биде вкупно трето учество на СП. Поголемиот дел од фудбалерите играат во првенствата низ Европа. Голманот Шварцер, потоа Брешано, Грела, Нил се играчите кои треба да го понесета товарот и да го повторат успехот од 2006 година кога успеаа да се пласираат во елиминациската фаза, каде беа поразени од првакот Италија.
Состав
Голмани: Марк Шварцер (Фулам), Адам Федерики (Рединг), Бред Џонс (Мидлсбро).
Одбрана: Скот Чиперфилд (Базел), Давид Керни (Твенте), Лукас Нил (Галатасарај), Михаел Бучамп (Ал-Џазира), Крег Мур (без клуб), Марк Милиген (Џеф јунајтед), Лук Вилкшир (Динамо Москва).
Среден ред: Марк Брешано (Палермо), Тим Кејхил (Евертон), Џејсон Кулина (Голд Кост), Брет Емертон (Блекбурн), Ричард Гарсија (Хал), Винс Грела (Блекбурн), Брет Холман (Аз Алкмар), Миле Јединак (Анталијаспор), Карл Валери (Сасуоло), Дарио Видосиќ (Нирнберг).
Напад: Џош Кенеди (Нагоа), Хари Кјуел (Галатасарај), Никита Рукавицја (Твенте).
Ohridnews