Го играат најубавиот фудбал за око, но никогаш не усепале да го освојот врвот. “Портокаловите“ доминатно минаа низ квалификациите, а дали имаат сила и за триумф во Африка, ќе дадат одговор нивните конкуренти Данска, Камерун и Јапонија.

Секогаш во потесниот круг за тронот е репрезентацијата на Холандија, но никогаш не го “зграпчиле“ трофејот од Светското првенство. 70-те години од минатиот век беа многу плодни за Холандија, која предводена од легендата Јохан Кројф два пати во низа играа во големото финале, но немаа здив за последниот и најголем чекор освојувањето на трофејот. Ниту генарацијата на Руд Гулит, Марко ван Бастен и Франк Рајкард не успеаа да ги одведат “лалињата“ до врвот на светот. Во квалификациите Холандија беше сместена во група заедно со Македонија, “лалињата“ се “прошетаа“ низ групата и со 8 победи во исто толку натпревари беше прва европска земја што обезбеди пласман на завршницата на Светското првенство. Единствен успех на репрезентацијата на Холандија е во 1988 кога го ја освоија титулата на Европското првенство.


Холандија секогаш негувала “тотален фудбал“ и нема причина тоа да го продолжи на Светското првенство. Средината на теренот и нападот кои го сочинуваат Арјен Робен, Робин ван Перси, Весли Снајдер се јаката страна на “лалињата“ додека во одбраната селекторот  Берт ван Мервијк ќе покрива со Ван Бронхорст, Хеитенга и Матијсен.  Настапот на првата виолина во репрезентацијта Арјен Робен е неизвесен откако се повреди на пријателскиот натпревар со Унгарија.

Состав:
Голмани: Мартен Стекеленбург (Ајакс), Сандер Боскер (Твенте), Микел Ворм (Утрехт)

Одбрана: Калид Буларуж (Штутгарт), Едсон Брафхејд (Селтик), Џовани ван Бронхорст (Фејнорд), Џон Хејтинга (Евертон), Јорис Матијсен (Хамбургер), Андре Ојер (ПСВ), Грегори Ван дер Вил (Ајакс)

Среден ред: Ибрахим Афелај (ПСВ), Марк ван Бомел (Баерн Минхен), Најџел де Јонг (Манчестер Сити), Стијн Схарс (АЗ), Весли Снајдер (Интер), Рафаел ван дер Варт (Реал), Деми де Зеув (Ајакс)

Напад: Рајан Бабел (Ливерпул), Ехеро Елиа (Хамбургер), Клас јан Хунтелар (Милан), Дирк Кајт (Ливерпул), Робин ван Перси (Арсенал), Арјен Робен (Бајерн)

Земјата каде изгрева сонцето, Јапонија не е така и на Светските првенства каде се во длабока сенка. Најдобриот пласман го забележаа на мундијалот кога беа домаќини во 2002 каде беа елиминирани во 1/8 финалето. “Самураиите“ низ квалификациите го обезбедија 4-то учество на Светското првенство.  Селектор е Такеши Окада, кој верува во својата репрезентација.


Звезда на Јапонија е поранешнит фудбалер на Селтик Шунсеке Накамура, Хонда од ЦСКА Москва ќе се бори во средината додека за погодоци ќе би де задолжен Тамада и Моримото.

Состав

Голмани: Сеиго Наразаки (Нагоја), Еџи Кавашима (Кавасаки), Јошикату Кавагучи (Џубило Ивата).

Одбрана: Јуџи Наказава (Јокохама), Маркус Тулио Танака (Нагоја), Јучи Комано (Јубило Ивата), Даики Ивамаса (Кашима), Јасујуки Коно (Токио), Јуто Нагатомо (Токио), Ацуто Учида (Кашима).

Среден ред: Шуншуке Накамура (Јокохама), Јасухито Ендо (Гамба Осака), Кенго Накамура (Кавасаки). Јуничи Инамото (Кавасаки), Јуки Абе (Урава), Макото Хасебе (Волфсбург), Кеисуке Хонда (ЦСКА Москва), Даисуке Мацуи (Гренобл).

Напад: Шињи Оказаки (Шимицу), Кеиџи Тамада (Нагоја), Јасухито Окубо (Кобе), Кишо Јано (Нигата), Такајуки Моримото (Катанја).

Африканскиот симбол на Светските првенства, Камерун низ квалификациите го обезбеди шестото учество на мундијалите. “Лавовите“ најголемиот успех го имаа на мундијалот во Италија 1990, кога нивното патешествие заврши во ¼ финалето по елимининацијата  од Англија. 


Главен адут во походот да се повтори успехот од Италија `90, е голгетерот на Интер, Самуел Ето. Во квалификациите напаѓачот беше најдобар стрелец со девет постигнати голови. На голот е искусниот Идриз Камени, во одбраната главен збор ќе има тандемот на Тотенхем, Басонг и Асуе Екото. Во средината од теренот “лавовите“ ги имаат Александре Сонг, кои ги брани боите на Арсенал. Селектор на Камерун е поранешнио стратег на Лион, ПСЖ и Марсеј, Пол ле Гвен.

Голмани: Хамиду Сулејману (Кајзериспор), Карлос Камени (Еспањјол), Роланд Асембе (Валенсијен).

Одбрана: Беноит Асу-Екото (Тотнем), Себастијан Басонг (Тотнем), Гаетан Бонг (Валенсијен), Аурелијан Чеџу (Лил), Џереми (Анкарагучу), Стивен Мбиа (Олимпик Марсеј), Николас Нкулу (Монако), Ригоберт Сонг (Трабзон).

Среден ред: Ејонг Енох (Ајакс), Жан Макун (Олимпик Лион), Георгес Манџек (Кајзерслаутерн), Жоел Матип (Шалке), Ландру Нгуемо (Селтик), Александре Сонг (Арсенал).

Напад: Винсент Абубакар (Котон Спорт), Ерик Чупо-Мотинг (Нирнберг), Ачиле Емана (Бетис), Самуел Ето (Интер), Мохамаду Идрису (Фрајбург), Ачиле Вебо (Мајорка).

Данска по 4-ти пат ќе ја осети магијата на Светските првенства, во квалифакациите репрезентацијата ги остави зад себе фаворизираната Португалија и Шведска. Историскиот успех на Данска е освојувањето на Европското првенство во 1992 кое се одржа во Шведска. Данска најголемиот дострел на мундијалите го имаат до ¼ финалето на мундијалот во Франција.

Селекторот на репрезентацијата е Мортен Олсен, кој веќе една деценија е на клупата и го познава фудбалерите одлично.  Капитен на екипата е Јон дал Томасон, ударна игла во нападот е членот на Арсенал, Никлас Бендтнер. Триото Јенсен, Полсен и Ромедал треба да бидат креатори на акциите,  додека во одбраната главен е Даниел Агер од Ливерпул.

Состав

Голмани: Томас Соренсен, (Стоук), Јеспер Кристијансен (Копенхаген), Стефан Андерсен (Брондби)

Одбрана: Даниел Агер (Ливерпул), Ларс Јакобсен (Блекбурн), Патрик Мтилига (Малага), Пер Кролдруп (Фјорентина), Симон Буск Поулсен (АЗ Алкмаар), Симон Кјер (Палермо), Вилијам Квист Јоргенсен (Копенхаген)

Среден ред: Даниел Јенсен (Вердер), Кристијан Поулсен (Јувентус), Кристијан Ериксен (Ајакс), Јакоб Поулсен (Архус), Микел Бекман (Рандерс), Томас Еневолдсен (Гронинген), Томас Каленберг (Волфзбург), Денис Ромедал (Ајакс), Јеспер Гронкјер (Копенхаген), Мартин Јоргенсен (Архус).

Напад: Јон дал Томасон (Фајнорд), Никлас Бентнер (Арсенал), Сорен Ларсен (Дуизбург)

Група Е

14/06 13:30ч Холандија – Данска
14/06 16:00ч Јапонија – Камерун
19/06 13:30ч Холандија – Јапонија
19/06 20:30ч Камерун – Данска
24/06 20:30ч Данска – Јапонија
24/06 20:30ч Камерун – Холандија

Ohridnews