Потешко е да го одбраниш, отколку да го освоиш Мундијалот. Така се тешат и “жабарите“ кои селекцијата во 2010 година е за класа послаба од таа во 2006 година. Дали ќе успеат да го повторат успехот од Германија, ќе видиме по првите натпревари во групата против Парагвај, Нов Зеланд и Словачка.

Актуелниот светски првак Италија на мундијалот во Јужна Африка ќе атакува на петтата круна да се изнедначи со рекордерот по титулите Бразил. Италија квалификациите ги мина без пораз,  победи во седум од десет натпревари и три пати ремизираше со што го обезбеди 17-от настап на  Светско првенство во својата историја.


Селектор на аѕурите како и на мундијалот во Германија е искусниот Марчело Липи, а од составот кој триумфираше на Светското првенство ги нема носителите на играта Франческо Тоти, Алекс Дел Пиеро и Алесандро Неста додека место во составот немаше за херојот од минатиот собир Фабио Гросо. На голот на Италија ќе застане незаменливиот Џанлуиџи Буфон, додека предводник и капитен на аѕурите повторно ќе биде Фабио Канаваро. Во средината на теренот селектор ги има Даниеле Де Роси, Рикардо Монтоливо додека неизвесен е настапот на Андреа Пирло. Во нападот главен збор ќе имаат Антониот ди Натале, Алберто Џилардино и надежниот напаѓач Џампало Пацини.

Состав

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Морган де Санктис (Наполи), Федерико Маркети (Калјари).

Одбрана: Салваторе Бокети (Џенова), Доменико Кришито (Џенова), Леонардо Бонучи (Бари), Фабио Канаваро (Ал Ахли), Џорџо Кјелини (Јувентус), Џанлука Замброта (Милан), Кристијан Маџо (Наполи)

Среден ред: Мауро Герман Каморанези (Јувентус), Клаудио Маркизио (Јувентус), Даниеле де Роси (Рома), Џенаре Гатузо (Милан), Андреа Пирло (Милан), Рикардо Монтоливо (Фјорентина), Анџело Паломбо (Сампдорија), Симоне Пепе (Удинезе)

Напад: Антонио ди Натале (Удинезе), Алберто Џилардино (Фјорентина), Виченцо Јакинта (Јувентус), Џампаоло Пацини (Сампдорија), Фабио Квалјарела (Наполи).

Парагвај се прошета низ квалификациите во јужноамериканската зона завршувајќи на второто место веднаш зад Бразил и го обезбеди 8-то Светско првенство за нив. Најголем дострел на репрезентацијата на мундијалите е 1/8 финале.


Селекторот  Герардо Мартино негува напаѓачки фудбал, ударна игла на Парагвај во нападот е двоецот Бариос и Кардозо додека голема помош ќе имаат од искусните Роке Санта Круз и Нелсон Валдез.

Состав
Голмани: Хусто Виљар (Валјадолид), Алдо Бобадиља (Индепедиенте), Диего Барето (Портено).

Одбрана: Денис Каниза (Леон), Дарио Верон (Пумас), Хулио Сезар Касерес (Атлетико Минеиро), Пауло да Силва (Сандерленд), Клаудио Морал Родригес (Бока Џуниорс), Антонио Алкарас (Виган), Карлос Бонет (Олимпија), Аурелиано Торес (Сан Лорензо).

Среден ред: Кристиан Риверос (Круз Азул), Енрике Вера (Депортива Университариа), Џонатан Сантана (Волфзбург), Едгар Барето (Аталанта), Нестор Ортигоза (Аргентинос Јуниорс), Виктор Касерес (Либертад).

Напад: Роке Санта Круз (Манчестер сити), Нелсон Валдез (Борусија Дортмунд), Оскар Кардосо (Бенфика), Едгар Бенитез (Пачука), Лукас Бариос (Борусија Дортмунд), Родолфо Гамара (Либертад).

Земјата која е симбол по рагбито во ЈАР ќе има можност да му докаже на светот дека знаат нешто и од фудбалот. Нов Зеланд обезбеди пласман на Светско првенство по Шпанија `82 откако во баражот го елиминираше Бахреин.  “Кивите“ пред секој натпревар ќе го изведуваат воениот танцот “Хака“, кој им дава сила и самодоверба на репрезентативците. 


Селектор на Нов Зеланд е поранешниот фудбалер и капитен Рики Херберт, кој настапуваше на единствениот мундијал на својата земја. Звезда во репрезентацијата е Рајан Нелсен кој ги брани боите на Блекбурн додека фудбалер со најмногу настапи е Иван Вичелиќ (65).

Состав
Голмани: Марк Пастон (Велингтон Феникс), Глен Мос (Викторија), Џејмс Банатајн (Тим Велингтон).

Одбрана: Рајан Нелсен (Блекбурн), Иван Вичелиќ (Оукланд), Бен Сигмунд (Велингтон Феникс), Тони Локхед (Велингтон Феникс), Винстон Рид (Митјеланд), Томи Смит (Ипсвич), Енди Бојенс (Њујорк).

Среден ред: Сајмон Елиот (без клуб), Дејвид Милиган (без клуб), Тим Браун (Велингтон Феникс), Лео Бертос (Велингтон Феникс), Мајкл Макглични (Централ Коуст), Арон Клагтем (Кантарбери јунајтед), Џереми Броки (Њукасл џетс), Енди Барон (Тим Велингтон), Џереми Кристи (Тампа беј).

Напад: Крис Килен (Мидлсбро), Шејн Смелц (Голд Коуст), Крис Вуд (Вест Бромвич Албион), Рори Фалон (Плимут).

Единствениот дебитант на Светското првенство е Словачка: По отцепувањето од Чехословачка во 1993 година  ова е прв настап на поголемо натпреваруање. Словачка со триумфот на гостувањето кај Полска со минимални 1-0 обезбеди пласман на завршницата на Светското првенство.


Селектор на репрезентацијата е Владимир Вајс, предводници на оваа генарација се фудбалерот на Ливерпул Мартин Шкртел и членот на Наполи, Марек Хамшик. За погодоци во противничките ќе биде задолжен Владимир Шестак.

Состав:
Голмани: Јан Муха (Легија), Душан Куцијак (Васлуј), Душан Перниш (Данди Јунајтед)

Одбрана: Петер Пекарик (Волфсбург), Мартин Петраш (Чезена), Мартин Шкртел (Ливерпул), Јан Ѓурица (Хановер), Радослав Забавник (Мајнц), Марек Чех (Вест Бромвич Албион), Корнел Салата (Слован Братислава)

Среден ред: Камил Копунек (Спартак Трнава), Јан Козак (Темишвар), Јурај Куцка (Спарта Прага), Марек Сапара (Анкарагучу), Марек Хамшик (Наполи), Владимир Вајс (Манчестер Сити), Мирослав Штох (Челси), Здено Штрба (Ксанти).

Напад: Ерик Јендришек (Шалке), Роберт Витек (Лил), Мартин Јакубко (Сатурн), Филип Холошко (Бешикташ), Станислав Шестак (Бохум).

Ohridnews