Не се потребни многу зборови да се опишe историјата на “кариоките“ на Светските првенства. Петте титули во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002 најдобро говорат на учинокот на Бразил на мундијалите. Мундијалскиот сон во Германија го завршија во 1/4 финалето откако налетаа на расположената Франција.


Селектор на “кариоките“ е Карлос Дунга, кој беше предводник и капитен на Светското првенство во Америка 1994. Бразил секогаш изобилувал со многу индивидуалци и на ова светско “кариоките“ имаат ѕвезди како Кака, Робињо. ..Во одбраната царува Лусио, кој е и капитен на репрезентацијата, на десната бековска позиција селекторот Дунга ќе има слатки маки кој да настапи, за место ќе се борат членот на Интер, Маикон и фудбалерот на Барселона, Даниел Алвеш. Голманската позиција е резервирана за Жулио Цезар додека за погодоци се задолжени Луис Фабиано, Нилмар и Графите. Бразил на мундијалот ќе биде осиромашен со неколку ѕвезди, ќе го нема најдобриот стрелец со 15 погодоци Роналдо , маестрото со топка Роналдињо, “фантазистата“ на Старата Дама, Диего и младиот талентиран напаѓач Пато.

Состав:

Голмани: Жулио Цезар (Интер), Гомес (Тотнем), Дони (Рома)

Одбрана: Маикон (Интер), Дани Алвеш (Барселона), Михаел Бастос (Олимпик Лион), Жилберто Мело (Крузеиро), Лусио (Интер), Хуан (Рома), Луизао (Бенфика) Тиаго Силва (Милан).

Среден ред: Жилберто Силва (Панатинаикос), Фелипе Мело (Јувентус), Жосе (Волфсбург), Клеберсон (Фламенго), Елано (Галатасарај), Рамирез (Бенфика), Кака (Реал Мадрид), Жулио Баптиста (Рома)

Напад: Луиш Фабијано (Севилја), Робињо (Сантош), Нилмар (Вилјареал), Графите (Волфсбург)

Португалија на “мускули“ преку БиХ во баражот обезбеди пласман на 5-то Светско првенство за нив. Единствен успех на репрезентацијата е третото место на мундијалот во Англија ’66. “Европските бразилци“ играа во 1/2 финалето на Светското првенство во Германија, беа поразени од Франција а во борба за 3-то место изгубија од домаќинот на мундијалот Германија.


Во репрезентацијаа на Португалија многу работи ќе зависат од капитенот Кристијано Роналдо, искуството на Деко треба да биде голема помош за К.Роналдо поради повреда во пријателските средби мундијалот ќе го пропушти фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Нани. Во одбраната главен збор ќе имаат Рикардо Карваљо и Пепе. Селектор на Португалија е Карлос Квеирош, кој е познат како еден од подобрите помошниците на Сер Алекс Фергусон.

Состав:

Голмани: Едуардо (Брага), Бето (Порто), Даниел Фернандеш (Ираклис)

Одбрана: Дуда (Малага), Бруно Алвеш (Порто), Паоло Фереира (Челси), Мигуел (Валенсија), Рикардо Карвалјо (Челси), Роналдо (Порто), Контрао (Бенфика), Пепе (Реал Мадрид), Рикардо Кошта (Лил).

Среден ред: Деко (Челси), Тиаго (Атлетико Мадрид), Раул Меиралеш (Порто), Педро Мендеш (Спортинг Лисабон), Мигуел Велосо (Спортинг Лисабон),  Симао Самброса (Атлетико Мадрид), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Рубен Аморим (Бенфика)

Напад: Дани (Зенит), Хуго Алмеида (Вердер), Лиедсон (Спортинг Лисабон).

Брегот на Слоновата Коска се најде во таканаречената „група на смртта“, каде што за противници, покрај анонимците од Северна Кореја, ги доби гигантите Бразил и Португалија. Брегот на Слоновата Коска е меѓу подобрите репрезентации на црниот континент и се очекува во вистинско светло да ја претстават својата земја. И на Светското првенство во Германија,  репрезентацијата се најде во “групата на смртта“ со Аргентина, Србија и Холандија и се пласираше на трета позиција совладувајќи ја Србија во последното коло.


Селектор на Брегот на Слоновата Коска е швеѓанецот Свен Јеран Ериксон, кој има искуство на големи натпреварувања. Брегот на Слоновата Коска има многу квалитетни фудбалери во репрезентацијата но повредата на раката на Дидие Дрогба го стави под знак прашалник неговиот настап на мундијалот. Во негово отсуство ударна игла на репрезентацијата ќе биде Саломон Калу, Коло Туре ќе царува во одбраната со Емануел Ебуе додека во средината теренот ќе владеат Јаја Туре и Дидие Зокора.

Состав:

Голмани: Бубакар Бери (Локерен), Аристидес Зогбо (Макаби Нетанија), Даниел Ебоа (Абиџан).

Одбрана: Сулејман Бамба (Хибернијан), Артур Бока (Штуттгарт), Бенџамин Броу Ангуа (Валенсијен), Ги Демел (Хамбург), Емануел Ебуе (Арсенал), Стив Гохоури (Виган), Сијака Тјене (Валенсијан), Коло Туре (Манчестер Сити).

Среден ред: Жан Жак Госо (Монако), Абделкадер Кеита (Галатасарај), Кристијан Кофи Ндри (Севилја), Шеик Исмаел Тиоте (Твенте) Јаја Туре (Барселона), Дидие Зокора (Севилја)

Напад: Аруна Диндан (Ланс) Дидије Дрогба (Челси), Саломон Калу (Челси), Бакари Коне (Олимпик), Гервињо (Лил), Сејду Думбиа (ЦСКА Москва).

Аутсајдерот во “групата на смртта“ Северна Кореја преку квалификациите обезбеди пласман на второто Светско првенство за нив. На мундијалот во Англија ’66 го остварија историскиот успех пласирајќи се во 1/4 финалето.  Северна Кореја се наоѓа на 105 место на ФИФА листа, и е најниско рангираната репрезентација на претстојниот мундијал.


Селекторот Ким Џонг Хун негува дефанзивна тактика, единствен фудбалер кој игра во Европа од својата земја е Хонг Јонг Џо додека лидер е Џонг Тае Се, кој ги брани боите на Кавасаки.

Состав

Голмани: Ким Мјонг Гил (Амрокганг), Ким Мјонг Вон (Амрокганг), Ри Мјонг Гук (Пјонгјанг Сити).

Одбрана: Ча Џонг Хјок (Амрокганг), Ри Џун Ил (Собаексу), Ри Кванг Чон (Април 25), Нам Сонг Чол (Април 25), Пак Нам Чол (Амрокганг), Ри Кванг Хјок (Кјонгонгоп), Пак Чол Џин (Амрокганг).

Среден ред: Џи Јун Нам (Април 25), Мун Ин Гук (Април 25), Пак Сунг Хјок (Собаексу), Ри Чол Мјонг (Пјонгјанг Сити), Пак Нам Чол (Април 25), Ан Јонг Хак (Омија Ардија), Ким Кјонг Ил (Римјонгсу), Ким Јонг Џун (Пјонгјанг Сити).

Напад: Хонг Јонг Џо (Ростов), Ан Чол Хјок (Римјонгсу), Џонг Тае Се (Кавасаки Фронтејл), Чое Кум Чол (Април 25), Ким Кум Ил (Април 25).

Група Г

Натпревари:

15/06 16:00ч БСК – Португалија
15/06 20:30ч Бразил – Северна Кореја
20/06 20:30ч Бразил – БСК
21/06 13:30ч Поругалија – Северна Кореја
25/06 16:00ч Португалија – Бразил
25/06 16:00ч Северна Кореја – БСК