
Составот на “фурија роха“ изобилува со звезди кои повеќето доаѓаат од домашното првенство. На голот на Шпанија ќе застане незаменливиот Икер Касилас, одбраната ќе ја предводи тандемот на Барселона Карлес Пујол и Жерард Пике. Средниот ред на “црвената фурија“ е фантастичен почнувајќи од Чави, Иниеста, Чаби Алонсо, Давид Силва и “резервата“ Цеск Фабрегас додека за тресење на противничките мрежи задолжени се Фернандо “ел нињо“ Торес и новиот фудбалер на Барселона Давид Виља. Искусниот стратег на клупата на Шпанија, Винсенте дел Боске треба да ги “скроти“ и да ги спроведе на вистинскиот пат звездите на Шпанија.
Состав:
Голмани: Икер Касиљас (Реал Мадрид), Пепе Рејна (Ливерпул), Виктор Валдес (Барселона).
Одбрана: Раул Албиол (Реал Мадрид), Алваро Арбелоа (Реал Мадрид), Хуан Капдевилја (Вилјареал), Карлос Марчена (Валенсија), Жерард Пике (Барселона), Карлес Пужол (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид).
Среден ред: Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Сеск Фабрегас (Арсенал), Андрес Иниеста (Барселона), Хави Мартинес (Атлетик Билбао), Давид Силва (Валенсија), Чави Ернандес (Барселона)
Напад: Хесус Навас (Севилја), Хуан Мата (Валенсија), Педро Родригес (Барселона), Фернандо Љоренте (Атлетик Билбао), Фернандо Торес (Ливерпул), Давид Вилја (Валенсија).
Швајцарија низ квалификациите по деветти пат обезбеди пласман на светското првенство. Популарните “нати“ се пласираа на првото место пред Грција, Летонија и Израел. Селектор на репрезентацијата е германецот Отмар Хицфилд, кој ја препороди репрезентацијата по слабиот старт во квалификациите.

Стабилната и цврста одбраната е главниот адут на репрезентацијата, бедемот пред голот го сочинуваат Сендерос, Лихштајнер и Мањин. Средниот ред е слабата страна каде настапуваат Бехрами и Падалино додека нападот го предводат Александар Фреј и Блајс Нкуфо.
Состав
Голмани: Диего Беналјо (Волфсбург), Џони Леони (Цирих), Марко Велфи (Јанг Бојс).
Одбрана: Марио Егиман (Хановер), Штефан Грихтинг (Оксер), Штефан Лихштајнер (Лацио), Лудовик Мањин (Цирих), Филип Сендерос (Арсенал), Стив фон Берген (Херта), Рето Циглер (Сампдорија).
Среден ред: Транкилјо Барнета (Баер Леверкузен), Валон Бехрами (Вест хем), Желсон Фернандеш (Сент Етјен), Бењамин Хугел (Базел), Марко Падалино (Сампдорија), Пирмин Швеглер (Ајнтрахт), Гокхан Инлер (Удинезе), Чердан Шакири (Базел).
Напад: Алберт Буњаку (Нирнберг), Ерен Дердијок (Баер Леверкузен), Александер Фрај (Базел), Блајс Нкуфо (Твенте), Хакан Јакин (Лузерн).
Чиле во мошне силна конкуренција во Јужна Америка обезбеди пласман на Светското првенство. “Црвените“ ќе го запишат 8-то учество на мундијалите, а најголем дострел имаат на домашен терен во 1962 кога го освоија бронзениот медал.

Селектор на Чиле е Марсело Бјелса, кој веќе има едно искуство на мундијалите водејќи ја Аргентина во 2002 на мундијалот во Јапонија и Кореа. Во отсуство на права звезда во репрезентацијата, предводници ќе бидат Марк Гонзалес и Умберто Суазо.
Состав:
Голмани: Клаудио Браво (Реал Сосиедад), Мигел Пинто (Универсидад де Чиле), Луис Марин (Унион).
Одбрана: Валдо Понсе (Универсидад Католика), Гонзало Јара (Вест Бромвич Албион), Гари Медел (Бока Џуниорс), Маурисио Исла (Удинезе), Артуро Видал (Баер Леверкузен), Пабло Контрерас (ПАОК), Исмаел Фуентес (Универсидад Католика).
Среден ред: Марко Естрада (Универсидад де Чиле), Карлос Кармона (Реџина), Родриго Милјар (Коло Коло), Хорхе Валдивија (Ал Аин), Матијас Фернадес (Спортинг Лисабон), Гонзало Фиеро (Фламенго), Родриго Тељо (Бешикташ).
Напад: Умберто Суазо (Сарагоса), Алексис Санчез (Удинезе), Марк Гонзалес (ЦСКА Москва), Фабијан Орелјана (Херез), Естебан Паредес (Коло Коло), Хеан Беасејур (Америка).
Хондурас само втор пат ќе биде во завршницата на Светските првенства, репрезентацијата учествуваше во 1982 но се прослави и патешествието го заврши во групите. Благодарение на подобрата гол разлика со Костарика, Хондурас во квалификациите се пласираше веднаш зад Америка и Мексико.

Напаѓачот на Џенова, Давид Суазо ќе го предовид Хондурас на мундијалот во ЈАР. Во средината на теренот клучна алка ќе е членот на Тотенхем, Вилсон Паласиос, а голема помош се очекува од искусните Амадо Гевара и Карлос Павон.
Состав
Голмани: Рикардо Каналес (Мотагва), Донис Ескобер (Олимпија), Ноел Валјадарес (Олимпија)
Одбрана: Виктор Бернардез (Андерлехт), Осман Чавез (Платензе), Мајнор Фигуероа (Виган), Оскар Гарсија (Олимпија) Џони Паласиос (Олимпија), Емилио Изагире (Мотагва), Серхио Мендоза (Мотагва), Маурицио Сабилјон (Хангжоу).
Среден ред: Едгар Алварез (Бари), Хулио Цезар де Леон (Торино), Роџер Еспиноза (Канзас Сити), Амадо Гевара (Мотагва), Рамон Нуњез (Олимпија), Данило Турсиос (Олимпија), Вилсон Паласиос (Тотнем), Хендри Томас (Виган).
Напад: Валтер Мартинез (Маратон), Карлос Павон (Реал Еспања), Давид Суазо (Џенова), Џорџ Велкам (Мотагва).
.
Група Х
Натпревари
16/06 13:30ч Хондурас – Чиле
16/06 16:00ч Шпанија – Швајцарија
21/06 16:00ч Чиле – Швајцарија
21/06 20:30ч Шпанија – Хондурас
25/06 20:30ч Чиле – Шпанија
25/06 20:30ч Швајцарија – Хондурас









