Сите коцки на англиската репрезентација се спремни за Светското првенство , одличниот стратег италијанецот Фабио Капело, силна и моќна репрезентација. Англија чека на трофеј цели 44 години од Светското првенство кое што се одржа токму во Англија, тогаш предводени од браќата Џеки и Боби Чарлтон и напаѓачот Боби Мур го освоија тронот со контраверзна победа во финалето над Германија со 4-2. Гордиот Албион фуриозно помина низ квалификациите победувајќи на девет од десет натпревари во групата и обезбеди пласман на 14-то Светско првенство за нив.

Репрезентацијата на Англија ќе патува без мега звездата Дејвид Бекам, селекторот ги има на располагање сите “лавови“ кои треба да гризат за тронот во Јужна Африка. Гордиот Албион на мундијалот ќе биде предводена од Вејн Руни, кој експлодираше оваа сезона и се промовираше во лидер на оваа репрезентација, голема помош Руни ќе има од маестралниот Френк Лампард, борецот Стивен Џерард, додека во одбраната ќе царуваат Рио Фердинанд и Џон Тери. Ранлива алка на репрезентацијата е голманската позиција каде ќе конкурираат Дејвид Џејмс, Роберт Грин и Џо Харт.
Состав
Голмани: Дејвид Џејмс, Роберт Грин, Џо Харт
Одбрана: Ешли Кол, Џон Тери, Рио Фердинанд, Глен Џонсон, Џејми Карагер, Ледли Кинг, Метју Апсон, Стивен Ворнок.
Среден ред: Стивен Џерард, Френк Лампард, Џо Кол, Мајкл Керик, Џејмс Милнер Шон Рајт-Филипс, Герет Бери, Арон Ленон (Тотнем).
Напад: Вејн Руни, Питер Крауч, Џермеин Дефо, Емил Хески.

Селекторот Матјаж Кек створи компактна репрезентација без ниедна звезда во тимот . Најмногу се очекува од членот на германскиот Келн, Миливое Новакович. Капитенот Роберт Корен ќе биде подршка за напаѓачите додека одбраната е цврста и стабилна примајќи само четири гола низ квалификациите.
Состав
Голмани: Самир Хандановиќ, Јасмин Хандановиќ, Александер Шелига
Одбрана: Мишо Брецко, Марко Шулер, Матеј Мавриќ, Бранко Илиќ, Бојан Јокиќ , Дејан Келхар, Суад Филековиќ, Александар Рајчевиќ.
Среден ред: Роберт Корен, Рене Крхин, Валтер Бирса, Александер Радосавлевиќ, Андраж Кирм, Андреј Комац, Мирнес Шишиќ, Дарјан Матиќ, Далибор Стевановиќ .
Напад: Златко Дедиќ, Миливое Новаковиќ, Златан Љубијанкиќ, Тим Матавж, Нејц Печни, Миран Бургич
По мундијалите во Мексико и Шпанија фудбалот во Алжир беше во длабока сенка, сонце ги огреа откако на драматичен начин обезбедија пласман на Светското првенство. Алжир во натпреварот да се биде или не триумфираа над африканскиот првак Египет со минимални 1-0. “Пустинските лисици“ на дебито на мундијалот во Шшанија го совлада фаворитот за титула Западна Германија но и тој подвиг не беше довеолен за пласман во најдобрите 16.

Селектор на Алжир е Рабах Садане, кој по петти пат ја води репрезентацијата. Одбраната е најсилниот дел од репрезентацијата. Стоперот Маџид Бугера е зидот кој треба да остана неструшен пред голот на Алжир. Најпознат фудбалер на “пустинските лисици“ е Карим Зијани кој настапува во Волфсбург.
Состав
Голмани: Лунес Жуаужи , Фавзи Шауши, Раид Ухеб Мболи.
Одбрана: Абделкадер Лаифауи, Маџид Бугера, Карл Меџани, Рафик Халиш, Антар Јахија, Хабиб Белаид, Надир Белхаџ, Џамел Месбах.
Среден ред: Хасен Јебда, Мехди Ласен, Јазид Мансури, Адлане Гуедијура, Ријад Будебуз, Џамел Абдун , Фуед Кадир, Карим Зијани, Карим Матмур
Напад: Абделкадер Гезал, Рафик Џебур, Рафик Саифи.
Фудбалот во Америка не е во прв план но репрезентавивците си ја “бркаат“ својата работа и обезбедија пласман на шестото Светско првенство во низа. Селекцијата на Америка е учесник на првиот мундијал, кој се одржа во Уругвај освојувајќи го трето место. Америка фуриозно ги помина квалифакациите пласирајќи се на првто место во групата.

Најголемото оружје на селекторот Боб Бредли е одличната подготвеност на репрезентативците, кои голем дел играат во Премиер Лигата. Прва звезда на Америка е Лендон Донован, кој ги брани боите на Лос Анџелес Галакси, но знае да направи “ескурзија“ до некој тим од Премиер Лигата. Клинт Демпси треба да биде голема подршка за Донован во средината додека диригенстака палка во одбраната ја има капитенот Карлос Боканегра. Успехот на Купот на Конфедарации каде изгубија во драматично финале од Бразил е доволен доказ за напредокот на оваа репрезентација.
Состав
Голмани: Бред Гузан, Маркус Ханеман, Тим Хауард
Одбрана: Карлос Боканегра, Џонатан Борнштајн, Стив Черундоло, Џеј Де Мерит, Кларенс Гудсон, Огучи Онијеву , Џонатан Спектор
Среден ред: Демаркус Бизли, Маркус Бредли, Рикардо Кларк, Клинт Демпси, Лендон Донован, Морис Еду, Бени Фејлхабер, Стјуарт Холден, Хозе Торес .
Напад: Џози Алтидор, Едсон Бадл, Роби Финдли, Херкулес Гомез
Група Ц
Натпревари
12/06 20:30ч Англија – Америка
13/06 13:30ч Алжир – Словенија
18/06 16:00ч Словенија – Америка
18/06 20:30ч Англија – Алжир
23/06 16:00ч Словенија – Англија
23/06 16:00ч Америка – Алжир
СП Група А : Поранешните светските прваци ја враќаат славата
СП Група Б : Старите познаници ќе се сретнат повторно









