Првиот финалист ќе биде познат по денешната полуфинална пресметка помеѓу Уругвај и Холандија. И Уругвај и Холандија вечерва ќе атакуваат на трето учество во финале на мундијалите. Уругвај е многу поуспешен затоа што по своите две финалиња на крајот стана и првак.


правец финале

Холандија во двата случаја во финалето била поразена и никогаш не го кренала највредниот светски трофеј. Холандија сега е 4 место на ранг-листата на ФИФА, додека Уругвај е на 16 позиција.

– Ние бевме последната селекција што се пласира за во Африка. Поминавме многу тешки моменти, но знаевме како да се носиме со нив и секогаш одиме напред. Ова е многу голем успех за целата наша земја, но и за континентот што го претставуваме – вели напаѓачот Едисон Кавани.



– Уругвај е тим составен од многу борци. Тие се борат како војници и засега одлично преживуваат. Затоа што никогаш не се откажуваат, сега се дел од полуфиналето. Никако не смееме да ги потцениме, затоа што ако го сториме тоа, ќе биде лошо за нас. Верувам дека нема да ги разочараме нашите навивачи – вели Ван Марвијк.

Покрај Суарес, кај Уругвај ќе недостигаат и суспендираниот Жорге Фусиле, како и Николас Лодеиро, кој има скршеница на ногата. Поради повреда неизвесен е капитенот на тимот Лугано.


И Холандија има проблеми во составот. Поради парни жолти картони кај „лалињата“ ќе ги нема бекот Грегори ван дер Вил и играчот за врска Најџел де Јонг. На нивно место меѓу стартерите треба да се појават Калид Буларуж и Деми де Зеуф.

Ohridnews