Хрватските репрезентативци се гневни и горди по поразот од Бразил 1-0 на почетокот од Светското првенство.

– Видов на снимката што навистина се случи. Ако е тоа пенал тогаш да одиме да играме кошарка. Репрезентативците се бореа, трудеа имаа неверојатни подготовки и тогаш ќе дојде судија да води меч за кој не е достоен. Ние зборуваме за респект, кој мојата екипа апсолутно го немаше. Не напаѓам судии, но ова морам да го речам. Срамота !! – потенцираше хрватскиот селектор Нико Ковач.
И хрватските медиуми не штедеа зборови за јапонскиот судија, кој со сомнителниот пенал ја расипа фудбалската идила на стартот.
Мх.П.











