По патувањето од град во град со воз, место со авион, ненавремена ажурираност на официјалната страна, мундијалот во Шпанија го доживеа најголемиот пех. Лифтот во кој се наоѓала хрватска експедиција се заглавив поради кинење на главната сајла.

Хрватите еден час биле заглавени во лифтот додека на местото не дошла пожарникарската служба – Беше застрашувачки во лифтот имаше мали деца кои беа преплашени. Пропаѓавме можеби дваесет метри, среќа што лифтот се заглави па останавме сите живи – истакна претседателот на хрватскиот ракометен сојуз, Гобац.

Проблемот со лифтот како и останатите пропусти само ја покажаа неспремноста на шпанците да организираат големо натпреварување од рангот на Светско првенство.

Мх.П.