Селекциите кои завршија на втората позиција во квалификациите за Светското првенство во Бразил ќе мора да одиграат уште два натпревари за конечен пласман на мундијалот.
Несреќна репрезентација која заврши на втората позиција, а не успеа да се квалификува во баражот беше Данска. Осумте селекции учесници во баражот се поделени во две категории носители и неносители.
Во првиот шешир се Португалија (14 ранг на ФИФА), Грција (15), Хрватска (18) и Украина (20) во вториот сместени се Франција (21), Шведска (22), Романија (31) и Исланд (54).
Ждрепката за бараж средбите е закажана за 21 октомври додека натпреварите се играат на 15 односно 19 ноември.
Мх.П.