Селекцијата на Македонија има пет голови негатива (16-11) после триесет минути игра со Хрватска во дербито од третата рунда во групата Б на Мундијалот во Германија и Данска.

Играта на „седум на шест“ подобро функционира во хрватската селекција, а и голманот Шего со 9 одбрани ги фрли во очај нашите ракометари. „Црвено жолтите“ во текот на првиот дел два пати имаа егал, а ниту еднаш не успеаја да поведат.

Карачиќ со 4 погодоци е најефикасен ракометар кај хрватите, додека во нашата селекција најпрецизен е Манасков со пет голови.

OhridNews