Репрезентацијата на Мексико ги прокнижи првите три бодови на Мундијалот совладувајќи го Камерун со минимални 1-0.

Човекот на одлуката беше Орибе Перелта во 61-та минута од премиерниот натпревар на мексиканците на Светското првенство.

Со овој натпревар се комплетираше првата рунда од Групата А во која победа покрај Мексико забележа и Бразил во отврањето на Мундијлот.

Резултати : Бразил – Хрватска 3-1, Мексико – Камерун 1-0.

Втора рунда : Бразил – Мексико, Камерун – Хрватска

Табела : Бразил 3 бодови, Мексико 3, Камерун 0, Хрватска 0.

Мх.П.