Плејмејкерот на Милан и италијанската репрезентација Андреа Пирло поради повреда ги напушти подготовките во Сестиере и се врати во Италија. Пирло го истекнал бутниот мускул и минимални се шансите , играчот од златната генерација да истрча на терените во Јужна Африка.

– Повредта на Пирло ме загрижува затоа што се работи за повреда за која нема правила и зависи од играчот. Некои побрзо закрепнуваат, а некои поспоро. Но ние се надеваме на најдобрите вести за Андреа – рекоа од стручниот штаб на аѕурите.

Италија се наоѓа во Ф групата заедно со репрезентациите на Словениија, Парагвај и Нов Зеланд.

Ohridnews