Судискиот Одбор при ФИФА ги одреди судите кои ќе ги водат полуфиналните натпревари од Светскиот куп. Фудбалската правда на пресметката помеѓу Уругвај – Холандија ќе ја дели узбекистанецот Равшан Ирматов, додека мечот Германија – Шпанија ќе го суди унгарецот Виктор Касаи.
Ирматов (32) е најмладиот судија од 1934 година кој го водел воведниот натпревар на Мундијалот. Негови аситенти ќе бидат неговиот сонародник Рафаел Илјасов и казакстанецот Бакхадјр Кочкаров, четврти судија ќе биде Јуичи Нишимура.
Унгарецот Касаи , досега судеше на три натпревари од Мундијалот, негови асистенти се Габор Ерош и Тибор Вамош, додека четврти судија е белгиецот Франк Де Белекере.
Ohridnews










