Репрезентцијата на Чиле рамноправен противник на “рибарите“ им беше само во првите минути од мечот кога имаше и предност.
По слабиот старт ракометарите на Исланд се консолидираа и од минута во минута ја зголемуваа разликата која на крајот од мечот изнесуваше огромни 17 голови.
Најпрецизен во составот на Исланд со седум голови беше Гунарсон додека шест пати мрежата на Чиле ја погоди Валур Сигурдсон.
Во третото коло од Светското првенство Исланд ќе се сретне со Македонија, а Чиле против Европскиот првак, Данска.