Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на мундијалот во Шпанија. Подобра од селекцијата на Македонија во третата рунда беше репрезентацијата на Исланд со 23-19 (10-10).
Многуте технички грешки вкупно 16, брзоплетотоста во нападот, инфериорните Кирил Лазаров и Наумче Мојсоски и несовладлвиот голман на голот од Исланд, Густафсон беа причини за првиот пораз на “фалангата“ на СП.
Селекцијата на Исланд максимално го искористи грчот во нападот на македонската репрезентација и поведе со 4-0. По минутата одмор на селекторот Ѕвонко Шундовски репрезентативците на Македонија се консолидираа и со серија 4-1 стигна на -1 (5-4).
Македонија до 25-та минута беше во констатна негатива, кога со голот Миркуловски го изедначи резултатот 8-8, а до финишот на првиот дел репрезентации погодија уште по два пати и на одмор заминаа со изедначен резултат 10-10.
Во вторите триесет минути македонската репрезентација одново имаше “црна дупка“ од девет минути без постигнат гол, а тоа Исланд го капитализираше со четири погодоци предност 14-10.
Исланд со деветте голови на најдобриот ракометар на теренот Валур Сигурдсон и 16-те одбрани на голманот Густафсон мудро ја чуваше предноста и ја забележа втората победа на мундијалот, а на Македонија им го нанесоа првиот пораз.
Во составот на Македонија најпрецизен со пет голови беше Дејан Манасков, по четири постигнаа Стоилов и Кирил Лазаров додека одличен меч имаше голманот Ристовски со 15 интервенции.
Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски лошата слика со Исланд ќе можат да ја поправат уште в среда против селекцијата на Русија.
Мх.П.